Поврзете се со нас

Македонија

Вториот тим на МЗТ го испоти Работнички, но остана без сила во завршницата

Објавено

на

Работнички ја отвори со победата новата натпреварувачка сезона во домашното првенство, но тоа го направи со доста мака против вториот тим на МЗТ Скопје.

Младите „штркчиња“ сериозно ги предизвикаа избраниците на Тони Симиќ и во самата завршница дојдоа на само минус три поени негатива, но сепак фаворизираните гости успеаја да се приберат во одлучувачките моменти и на крајот победија со 78:85.

Резултатската вртелешка во првите три четвртина направи да гледаме навистина возбудлива завршница уште во првото коло, но тимот на МЗТ Скопје Уни Банка сепак потклекна во последната минута во која Марковски погоди за плус пет, што беше најава за крај на неизвесноста.

Работнички освои планирани бодови на крајот и ја запиша првата планирана победа во новата кошаркарска сезона во Македонија, а најзаслужни за тоа беа Емерсон со 21 и Марковски со 15 поени.

Во противничкиот табор, се истакнаа Рансом со 21 и Петровски со 18 реализирани поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни