Поврзете се со нас

Боречки спортови

Втор меѓународен таеквондо турнир во градот под Самоиловите тврдини „Охрид Опен 2022“

Објавено

на

Oвој викенд, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, Таеквондо клубот „Хва Ранг ИТФ“од Лескоец, Охрид организира Меѓународен Таеквондо ИТФ натпревар „Охрид Опен 2022“.

Ова е второ издание на овој турнир, а годинава на истиот се пријавениклубови од осум земји и тоа Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Македонија, Бугарија, Грција и Албанија.

Натпреварот е организиран по највисоки стандарди на ИТФ, електронско судење, со можност за видео протест и пренос во живо на платформата „јутјуб“.

Задолжен за судискиот систем  е  Антон Аркхипов, кој е специјален асистент на претседателот на ИТФ, заштитник за сите  податоци, а за судиската екипа е задолжен еден од најдобрите судии во светот Мастер Вергилиј Ситнилски носител на црн појас VII дан, на судискиот комитет за југоисточна Европа, и генерален секретар на Бугарската ИТФ федерација.

Организаторите најавуваат дека за сите љубители на боречките спортови, влезот ќе биде бесплатен.

– Влезот на турнирот ќе биде бесплатен. Сите наши подржувачи ќе имаат можност да ги гледаат во живо европските вицешампиони  Давид Крстески, Елена Јанеска и Христијана Парулеска и да навиваат за нив, -истакна меѓу другото Марјанчо Лазаревски, претседател на ИТФ Македонија и тренер и претседател на најуспешниот таеквондо клуб „Хва Ранг ИТФ“ од Лескоец, Охрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни