Поврзете се со нас

Англија

Вокер им пресуди на „своите“, Сити им се врати на победите (Видео)

Објавено

на

Манчестер Сити игра крајно променливо на стартот на сезоната, а тоа го докажа и ова попладне, без оглед на тоа што на крајот победи на гостувањето кај Шефилд Јунајтед.

Тимот на Пеп Гвардиола не може да постигнува голови како во претходните две сезони и денеска повторно не брилјираше на „Брамал Лејн“, па на крајот главната разлика ја направи локалното момче кое потекнува од школата на Шефилд Јунајтед.

Кајл Вокер е продукт на фудаблската школа на Шефилд, а денеска беше човекот кој им пресуди на „своите“ во мечот во кој клучен се покажа неговиот погодок од првото полувреме.

Десниот бек на Манчестер Сити го искористи додавање од Де Брујне и силно биеше надвор од шеснаесетникот, материјализирајќи ја иницијативата која ја имаше гостинскиот тим до тој момент.

Во продолжение, Сити се задоволи со „минималецот“ кој го имаше во своите раце, па во вториот дел ја задржа предноста со константно контролирање на топката во противничката половина, обезбедувајќи ги трите бода со кои сега се искачи на седмото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни