Поврзете се со нас

АТП

Вимблдон доби нов крал: Алкарас по епска битка ја прекина доминацијата на Ѓоковиќ (ВИДЕО)

Објавено

на

Првиот светски рекет, Карлос Алкарас е новиот шампион на Вимблдон и тоа откако денеска во еден епски меч го симна од тронот Новак Ѓоковиќ.

Ѓоковиќ ја бараше осмата титула на најпрестижниот тениски турнир, тутула со која ќе се израмнеше со Рожер Федерер, но ќе мора да почека некоја друга прилика за да во свој стил се израдува на пехарот и јаде од тревата на „Ол Ингланд Клаб“. Скоро пет часа траеше пресметката меѓу Шпанецот и Србинот за да на крајот се се заврши со 3-2 во сетови (1–6, 7–6(8–6), 6–1, 3–6, 6–4).

Се играше фантастичен тенис, двајцата имаа блескави поени, потези со кои ја кренаа публиката на нозе.

Во решавачкиот петти сет клучен се покажа третиот гејм во кој Карлос направи брејк за да потоа сигурно го чува сервисот и дојде до првиот трофеј на Вимблдон, втор грен слем во кариерата.

Новак пак останува на седум на овие терени илу вкупно 23 на најважните турнири.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни