Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Видео од трибината на „Олд Трафорд“: Како Симеоне ги преживеа „проектилите“ од навивачите на Јунајтед

Објавено

на

Играчите на Манчестер Јунајтед им приредија ново разочарување на своите навивачи и загубија на „Олд Трафорд“ на нов важен меч, кој значеше дека „ѓаволите“ остануваат без шанса за повисок пласман во Европа.

Атлетико Мадрид пристигна на театарот на соништата со реми од 1:1 и првичната цел му беше да се брани, но гранитната одбрана на Чоло повремено се трансформираше одлично во контри и во една таква ситуација пристигна гол.

Погодокот на Лоди беше пресериозен и преголем удар за избраниците на Ралф Рангник, кои не успеаја да се приберат и со поразот од 0:1 се помирија со елиминација.

Диего Симеоне остана верен на својата традиција и по крајот на мечот не се поздрави со противничкиот менаџер, но во моментите кога се залета кон соблекувалните, доби непосакувано „туширање“ од навивачите.

Лутите фанови на Јунајтед испорачаа „проектили“ со шишиња кон противничкиот тренер и еден фан ја погоди метата, но сепак Аргентинецот мина без повреда и лесно го преживеа својот пеколен спринт.

Телевизиските камери веднаш доловија како изгледа спринтот на Симеоне, но сега се појави и видео од друг агол, или поточно оној вистинскиот од перспектива на навивачите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни