Поврзете се со нас

Репрезентација

Ветено – исполнето: Андонова и Рочи брилјираа, Македонија со победа го заврши квалификацискиот циклус

Објавено

на

ФОТО: ФФМ

Наташа Андонова и Гентјана Рочи имаа крајно позитивни вибрации пред денешното гостување во студениот Алмати, а токму тие две се погрижија македонската женска фудбалска репрезентација да го заврши квалификацискиот циклус за Европското првенство со победа.

Откако го победивме Казахстан на домашен терен со 4:1, македонските фудбалерки покажаа дека се класа над Казахстанките и на гостински терен, славејќи ова попладне со уверливи 0:3 за втора победа во групата која ја завршивме како четврта селекција.

Главната улога денеска ја одиграа токму двете фудбалерки кои најавија поволен резултат и нови три бода, бидејќи Наташа Андонова беше асистентка на првите два гола кои ги постигна Рочи, а конечните 0:3 ги постави Елма Шамшовиќ пред крајот на првиот дел.

Ова е најдобар квалификациски циклус за нашите девојки во историјата, бидејќи двете остварени победи ни донесоа најмногу бодови во една квалификациска група (шест), а истата ја завршивме како четвртопласирани зад Франција, Австрија и Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни