Поврзете се со нас

Репрезентација

Андонова и Рочи во еден глас: Подготвени сме, сакаме победа над Казахстан

Објавено

на

Македонската женска фудбалска репрезентација утре против Казахстан го игра последниот меч од циклусот квалификациите за Европското првенство.

Средбата се игра во Алмати, а нашите репрезентативки сметаат дека се подготвени да го дадат максумумот и издвојуваат уште една победа над овој противнико кого во Скопје го совладавме со 4-1.

-Сакам само да кажам дека сме подготвени за утрешниот натпревар и комплетно сме фокусирани. Добро го познаваме пртивникот и нивниот начин на игра, и сигурна сум дека со екипита ќе го дадеме максимумот за да ја донесеме победата, -истакна Гентијана Рочи.

Сличен став има и членот на шпански Леванте, Наташа Андонова.

-Утре е последниот натпревар од овие квалификации за Европско Првенство. По неколкудневните подготовки се чувствуваме спремни да го одиграме овој натпревар и сите посакуваме победа. Знаете дека ни недостасуваат неколку првотимки поради позитивни тестови за КОВИД 19 – па утрешниот натпревар ќе им го посветиме на сите оние кои мораа да останат дома, на играчитге и селекторот. Ние посакуваме победа и се надевам дека ќе се вратиме со позитивен резултат. И покрај ладното време и големата временска разлика нема да се предадеме и храбро ќе пристапиме на натпреварот, -порача Андонова.

Средбата Казахстан-Македонија се игра со почеток од 12 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни