Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Веспрем со пресврт во финишот до победа во дербито со ПСЖ

Објавено

на

Веспрем направи голем пресврт во завршницата на дербито со ПСЖ од Лигата на шампионите и ги израдува своите фанови со победа, со резултат 34:31.

Гостите имаа контрола на резултатот речиси цел натпревар, на полувреме,  а и подоцна во мечот имаа плус четири, а пресвртот започна да се реализира од 50. минута. Веспрем дојде до резултат 26:26, стигна до плус два кои ПСЖ ги неутрализираше, а подоцна и до нова предност која овој пат ја задржа до крајот.

Одличниот финиш на Веспрем го изненади ПСЖ, па Дејан Манасков и неговите соиграчи се израдуваа на првиот триумф во новата сезона на Лигата на шампионите.

Нашиот репрезентативец немаше учинок на овој дуел, а најефикасни кај победникот беа Омар Јахија со 10 и Мануел Штрлек со 8 голови.

Во редовите на ПСЖ, Микел Хансен уфрли 7 погодоци, а Лука Карабатиќ реализираше 5 голови на ова незгодно гостување.

Порто на нашиот голман Никола Митревски загуби од Мотор со 30:27.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни