Франција
Весникот „Лекип“ не се печати десетина дена, спортистите застанаа зад штрајкот на редакцијата

Новинарите на компанијата која го издава спортскиот весник „Лекип“ веќе 11 дена штрајкуваат во обид да го спречат најавеното отпуштање на 50 вработени во оваа 2021 година.
Весникот во овој период не се печати и го нема на продажните места, што претставува сериозен удар за големиот број фанови на спортот во земјата, а редакцијата вели дека нема да попушти се додека сопствениците не се откажат од планот да отпуштат дел од нив, за да ја одржат посакуваната профитабилност.
Штрајкот доби поддршка од пошироката француска јавност, но и од голем број поранешни и сегашни спортисти, кои застанаа зад новинарите на „Лекип“ и прават притисок да бидат исполнети нивните барања.
Арсен Венгер, Оливие Жиру, Мишел Платини, Алан Прост и Руди Гобер се само дел од над 200 спортски имиња кои јавно изразија поддршка за новинарите и нивните колеги од редакцијата, во која покрај дневниот весник се подготвува и неделник, магазин за велосипедизам и популарниот месечник „Франс футбол“.
Министерката за спорт, Роксана Марачинеану, преку Твитер изрази жалење за актуелната ситуација.
– Изминативе месеци сфативме колку е важен спортот во нашите секојдневни животи. А изминатава недела исто така сфативме колку на спортот му недостасува „Лекип“, – напишала Марачинеану, која има романско потекло, но беше успешна француска пливачка и прв светски шампион во некоја дисциплина од оваа земја.

- НБАпред 22 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Италијапред 21 час
„Бум-бум“ Иле: Несторовски доби вистинска шанса и ја реши Фиорентина (ВИДЕО)
- Англијапред 22 часа
Вернер: Се чувствувам виновен за отказот на Лампард
- Англијапред 19 часа
Мурињо со коментар за фудбалското шоу на Бејл кое ја воодушеви Англија: Сега изгледа како играч…. (Видео)
- Шпанијапред 18 часа
Урнебес во Валдебебас: Ѕвезда на Реал мораше да вика влечна служба за својот Ролс Ројс вреден 300 илјади евра (Видео)
- Репрезентацијапред 24 часа
Иднината на македонскиот ракомет: Селективен камп за талентирани ракометарки (ФОТО)
- Англијапред 17 часа
Лук Шо откри какво чудно објаснување добиле играчите од судијата Атвел за недосудениот пенал
- Италијапред 23 часа
Роналдо спореден со Мајкл Џордан: Никогаш нема да има играч како него