Поврзете се со нас

Германија

Вернер се врати во старото јато и порача: Сакам да станам првиот играч во историјата на Лајпциг кој…

Објавено

на

Тимо Вернер од денеска и официјално е нов фудбалер на Ред Бул Лајпциг, клуб во кој настапуваше до 2020 година.

Пред две сезони Вернер направи богат трансфер во Челси, но не се снајде најдобро на „Стемфорд Бриџ“, па се врати во тимот во кој четири години играше со големи успеси.

26 годишниот фудбалер потпиша четиригодишен договор со Лајпциг, а по потпишувањето на договорот порача дека сака да стане првиот играч во историјата на клубот кој постигнал 100 погодоци.

Тоа нема да му биде тешко затоа што во претходниот негов мандат како играч на Лајпциг, тој веќе собра 95 гола.

– Многу сум среќен што ќе имам можност да играм за Лајпциг повторно. Одлично си поминав помеѓу 2016 и 2020 кога играв тука, кога игравме брилијантно како нов тим во лигата. Достоинствено го напуштив клубот како најдобар стрелец, но тоа е минато и сега гледам кон иднината, затоа што и јас, но и клубот доста напредувавме изминативе две години.

– Поминав две одлични сезони во Челси и благодарен сум што стигнав на врвот во Лигата на шампионите. Искуството да играм во странска лига ми помогна мене и на мојата кариера. Сега со нетрпение ја очекувам новата сезона со Лајцпиг во која сакам да ги исполнам барањата на навивачите, кои ми значат многу. Сакаме да постигнеме многу, а јас лично сакам да стигнам до 100 голови и да бидам првиот играч на Лајпциг кој го постигнал тоа, -заклучи Вернер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни