Поврзете се со нас

Македонија

Вардарци ги запалија „моторите“ за рестарт на сезоната, Васоски доби засилувања во стручниот штаб

Објавено

на

Лидерот во прватата македонска фудбалска лига екипата на Вардар почна да се подготвува за останатите натпревари од оваа натпреварувачка кампања.

„Црвено-црните“ почитувајќи ги сите мерки и препораки тренинзите ги одработуваат во тренинг центарот во населбата Хиподром. Добра вест е што тренерот Александар Васоски доби засилување кога е во прашање стручниот штаб, па така заедно со него работат Филип Ивановски, Никола Глигоров и Филип Спасески кои досега беа дел од младинската школа.

Додека се очекува точниот датум за продолжение на сезоната, вардарци ќе тренираат и го фатат посакуваниот ритам за завршување на сезоната која беше прекината во март поради коронавирусот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни