Поврзете се со нас

Македонија

Вардар не погреши против Бутел, Еурофарм убедлив во дуелот со Радовиш

Објавено

на

Ракометарите на Вардар ја продолжија позитивната серија, победувајќи го Бутел во домашното првенство, а убедлив беше и најголемиот ривал, Еурофарм Пелистер, кој имаше лесна задача на дуелот со Радовиш.

Бутел не успеа да го изненади актуелниот првак, па „вардарци“ славеа со 27:34, продолжувајќи ја победничката серија во Супер лигата.

Дибиров бил најефикасен во редовите на Вардар со 7 голови, а ист ефект кај поразената екипа имал Пуљизовиќ.

Еурофарм Пелистер славеше против Радовиш со 42:22, а најефикасни во победничката екипа биле Граѓан со 8 и Мараш со 7 погодоци.

Тинекс Пролет го совлада Тиквеш со 31:26, Охрид славеше убедливо против Скопје 2020 со 37:25, додека вториот тим на Еурофарм оствари гостинска победа над Прилеп (24:30).

Вардар води на табелата со максимални 15 бодови, а го следат Еурофарм Пелистер и Тинекс Пролет со по 12.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни