Поврзете се со нас

Македонија

Вардар не ја искористи предноста против Силекс, Шкендија ја продолжи победничката серија

Објавено

на

foto:www.facebook.com/FKVardarSkopje

Вардар водеше два пати на денешното дерби со Силекс, но не успеа да стигне до првата победа и покрај фактот што голем дел од средбата ја играше со фудбалер повеќе.

„Црвено-црните“ поведоа со голот на Мицевски од пенал, по што Љамалари беше и исклучен, но Вардар не успеа да ја задржи предноста подолго од 52. минута.

Анѓелески израмни и ги врати гостите на почеток, за осум минути подоцна Велковски да донесе нова радост за домашните фанови. Сепак, Вардар повторно не успеа да го задржи водството, а бод за гостите обезбеди Николиќ во 86. минута, кој фактички ги постави конечните 2:2. Вардар го освои првиот бод и тоа предводен од новиот тренер Александар Васовски, додека Силекс досега освои пет бода.

За разлика од Вардар, до прва победа стигна Гостивар, кој денеска го совлада Работнички со 2:0, додека Македонија Ѓ.П и Шкупи одиграа без голови во скопското дерби.

Шкендија ја продолжи победничката серија и со триумфот над Брегалница (2:0) останува со перфектен скор по три одиграни натпревари и засега е на делба на врвот со АП Брера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни