Поврзете се со нас

Македонија

Вардар мораше да додава гас за да го среди Бутел, Металург влезе во победничка серија

Објавено

на

Ракометарите на Вардар многу потешко од очекувањата славеа над Бутел (26-22) во средбата од 11. коло од Суперлигата.

„Црвено-црните“ доста долго се мачеа да го скршат отпорот на противникот, првото полувреме заврши 11-11, во продолжението продолжи израмнетата игра за да во финишот Вардар сепак ја потврди фаворитската улога и ја заврши работата со што е чекор поблиску до пехарот.

Јагуриновски со седум и Чупуќ со шест гола беа најефикасни кај победникот.

Металург пак го среди Охрид со 28-24 со што ја продолжи одличната серија на резултати. Ова за четата на Марковси беше четврто славје во низа во кое лидер беше Калуџеровиќ со седум гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни