Поврзете се со нас

Македонија

Вардар го „скрши“ Борец во завршницата и стана првиот тим кој го освои Велес

Објавено

на

Новото коло во Првата македонска фудаблска лига беше отворен со натпреварот во Велес , во кој домашниот Борец го претрпе првиот пораз на свој терен во актуелната натпреварувачка сезона.

Во средба во која се играше многу тврдо и се чинеше дека ќе заврши со поделба на бодовите, на крајот Вардар покажа повеќе желба за триумф и три бода, па со два погодоци во последните десет минути стана првиот тим кој го освои цел плен на тешкото гостување кај Борец.

Избраниците на Горазд Михајлов важат за негостопримливи домаќини кои со сите сили ја бранат својата тврдина, но ова попладне сепак потклекнаа и за првпат ја почувствуваа горчината на поразот на домашен терен, откако при резултат 0:0 ја погодија рамката од голот.

Тоа знаеше како да го казни Вардар, кој преку една контра поведе со голот на Попзлатанов во 80-та минута, а тоа комплетно ги деморализираше домаќините кои примија и втор гол пред финишот.

Цветановски беше стрелец на погодокот за конечни 0:2, триумф кој го врати Вардар на победничките патеки и го искачи на шестото место на табелата. Борец останува четврти со 19 бода по 12 одиграни натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни