Поврзете се со нас

Македонија

Вардар договори уште едно балканско засилување за наредната сезона (ВИДЕО)

Објавено

на

Актуелниот македонски шампион Вардар 1961 договори уште едно засилување за новата сезона, засилување кое повторно е од овие балкански простори.

„Црвено-црните“ пред некое време објавија дека ангажиран е Словенецот Нејц Цехте, додека пак денеска клубот информираше дека нивен нов член ќе биде 30-годишниот Божо Анџелиќ. Анџелиќ е црногорски репрезентативец кој веќе има настапувано во Македонија во екипата на Металург.

Божо е среден бек кој во Скопје доаѓа од унгарски Ференцварош каде настапува од 2018 година. Договорот е едногодишен со можност за продолжување за уште една сезона доколку клубот биде задоволен од неговите настапи.

Во својата досегашна кариера има играно во Србија и Шведска (Црвена Звезда и Малме), а кога е во прашање репрезентацијата постојано е активен, беше дел од последните четири Европски првенства на Црна Гора со тоа што на она во Унгарија ние бевме негови жртви со оглед на тоа што беше најпрецизен против нас и Исланд со по шест гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни