Поврзете се со нас

Англија

ВАР одлуките го шокираа Клоп, Брајтон освои бод во судиското продолжение (Видео)

Објавено

на

Јирген Клоп беше бесен на одредениот термин за одигрување на дуелот со Брајтон, а по драматичните случувања на теренот, германскиот стручњак не го криеше бесот уште по последниот судиски свиреж и имаше што да и каже на судиската четворка.

Ливерпул беше пред прокнижување на нови три бода на гостувањето на „Амекс стадионот“, но како малку да беа двата поништени гола и милиметриските ВАР одлуки, на крајот Брајтон доби и втор пенал, кој овојпат беше реализиран за комплетно разочарување кај Германецот.

Брајтон најпрво промаши пенал при резултат 0:0 преку Мопеј во 20-та минута, по што Ливерпул се разбуди и изгледаше многу подобро на теренот. Мо Салах постигна одличен гол и сите се израдуваа на истиот, но ВАР прегледот покажа дека станува збор за милиметарски офсајд, па славјето беше залудно.

Во второто полувреме, Ливерпул поведе со 0:1 и овој гол беше регуларен по одличната комбинација меѓу Салах и стрелецот Жота, а во 84-та минута, Садио Мане погоди за 0:2 и се чинеше дека Ливерпул ја осигура победа. Сепак, повторената снимка повторно покажа дека има нерегуларна офсајд ситуација, а ваквиот чуден расплет на крајот резултираше со дебела казна за гостите.

Робертсон беше невнимателен во судиското надополнување и го удри Велбек, по што судијата Атвел отиде сам да ја прегледува ситуација и повторно покажа на белата точка.

За разлика од првиот пат, овојпат прецизен реализатор беше Грос, измамувајќи го Алисон со удар по средината од голот за 1:1 во 93-та минута. Ливерпул на овој начин остана без планирани бода, а лоша вест за Клоп е тоа што се повреди и Милнер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни