Поврзете се со нас

Лига Европа

Ван Дајк со порака до соиграчите: Ако не верувате…

Објавено

на

foto: twitter.com/LFC

Ливерпул претрпе убедлив пораз од Аталанта од 3-0 во првиот меч од четвртфиналето на Лига Европа.

Премиерлигашот беше шокиран на „Енфилд Роуд“ и ќе има пеколно тешка задача да избори место во наредната фаза. „Црвените“ ќе треба да имаат перфектна партија во Бергамо, поточно ќе мора да го повторат изданието од 2020 година кога беа сигурни, доминираа и славеа со 5-0.

Секако оваа мисија нема да биде лесна, ама капитенот Вирџил Ван Дајк е оптимист и им испрати порака на соиграчите.

-Ако не веруваме, нема поента да одиме во Италија. Многу си отежнавме на себе, со резултат 3-0. Ама можеме да отскокнеме со победа овој викент. Треба сите да го вклучат повторно. Потоа можеме да се фокусираме на постигнување најмалку четири гола таму, -рече Холанѓанецот.

Ливерпул има дуел со Кристал Палас на 14 април што ќе биде последен тест пред реваншот закажан за 18 април од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни