Европски купови
Уште едно големо признание за нашиот репрезентативец: Шортс е МВП на сезоната во ЛШ (ВИДЕО)

Македонската кошаркарска репрезентација пред некое време доби засилување во името на Ти-Џеј Шортс, играч кој е вистински погодок, играч кој дефинитивно е вистински хит во Европа во актуелнава сезона.
Пред некое време тој беше прогласен за најкорисен играч во германското првенство, додека пак денеска доби уште поголемо признание. Имено плејмејкерот е МВП на сезоната во Лигата на шампионите, натпреварување во кое има просек од 18,9 поени, 3,8 скокови и 7,1 асистенција по натпревар.
💗🏁 𝙁𝙧𝙤𝙢 𝙄𝙧𝙫𝙞𝙣𝙚 𝙩𝙤 𝘽𝙤𝙣𝙣 𝙩𝙤 𝙈𝙖𝙡𝙖𝙜𝙖 𝙖𝙣𝙙 𝙗𝙚𝙮𝙤𝙣𝙙: The Marathon continues for this year’s #BasketballCL 𝐌𝐕𝐏, @TjShorts5! pic.twitter.com/H4NnCEWslw
— Basketball Champions League (@BasketballCL) May 13, 2023
Ти-Џеј е вистински лидер на Телеком Бон и тоа го покажа и на вчерашното полуфинале каде со 21 поен, 1 скок, 7 асистенции и 2 украдени топки ја сруши Уникаха или поточно му овозможи на неговиот тим да игра финале на завршниот турнир во Малага против Хапоел Ерусалим.
Покрај нашиот репрезентативец во првата петорка се уште Бризуела, ветеранот Уертас, Мичел и Хенкинс.
-
Германијапред 22 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 21 час
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 24 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Англијапред 22 часа
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Францијапред 10 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)