Поврзете се со нас

Македонија

Уште една потврда за јасните амбиции: Вардар се засили со офанзивец со искуство од Кипар и Словачка

Објавено

на

Екипата на Вардар сака да избори пласман во првата лига во оваа сезона, па клубот внимателно ги бира засилувањата кои можат да помогнат да се оствари таа зацртана цел.

Ново име во „црвено-црниот“ табор е офанзивецот кој со Македонија играше на младинското Европско првенство во 2017 година-тоа е Кире Маркоски. 27-годишниот Маркоски има настапи и за сениорската репрезентација, но и исккуство со играње надвор од нашите граници во Кипар и Словачка каде беше дел од АЕЛ Лимасол и Спартак Трнава.

Тој во Македонија играше за Работнички, Шкендија и Академија Пандев, па со своето знаење и квалитет треба да биде големо засилување за вардарци кои по три кола се на 4. место во втората македонска лига со седум бодови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни