Поврзете се со нас

Евролига

Уште еден триумф на „кралевите“: Реал го доби драматичното и борбено „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBbasket

Кошаркарите на Реал Мадрид славеа над вечниот ривал Барселона со 65:64 во дербито на 5. коло во Евролигата.

Двете екипи влегоа во овој дуел со перфектен учинок и повеќе од јасно беше дека ќе гледаме една голема борба во која ќе одлучуваат нијанси. Токму тоа се случи, „кралевите“ и каталонците добија по две четвртини во своја корист и лесно можеше да се случи натпреварот да замине во дополнителни пет минути ако Саторански ги реализираше трите слободни фрлања на осум секунди до крајот при водство на Реал од 63:60.

Чехот го промаши првото, погоди второто и намерно утна третото по што Хезоња беше најдобар во скокот, поточно Хрватот беше фаулиран по што двапати беше презицен од пенал линијата за да на крајот Абринес погоди тешка тројка и го постави конечниот резултат.

Ова за Реал е трета сезонска победа над Барса (Супер Куп и првенство), а во истата се истакнаа Дек со 20 и Поарје со 14 кошеви.

Ернангомес кај поразените уфрли 13 кошеви.

На другите дуели Алба го изненади Милано (85-82), Монако го уништи Макаби Тел Авив (107:79), а Олимпијакос беше подобар од Анадолу Ефес (75:57).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни