Поврзете се со нас

Македонија

Уште еден проблем за најтрофејниот клуб: Работнички остана без најдобриот играч

Објавено

на

Најтрофејниот македонски кошаркарски клуб Работнички и оваа сезона се соочува со доста проблеми и едноставно е далеку од тие шампионски, блескави денови, а како што што минува времето ситуацијата може да биде уште полоша за што говорат заминувањата од „Градски Парк“.

Прво си замина интернационалецот од Босна и Херцеговина Недим Мустафица за да сега центарци останат без најдобриот играч во досегашниот тек Пол Џексон.

Имено Џексон ја напушти Македонија и се пресели во Полска каде потпиша за петкратниот шампион на оваа земја Зјелона Гора. Оваа информација ја потврди полскиот прволигаш кој очекува многу од Американецот кој во нашиот шампионат имаше бројки од 23,8 поени и 6,4 асистенеции по натпревар (прв стрелец и петти асистент во лигата).

Останува да се види какви потези ќе повлече составот од Скопје кој во првите 12 кола во шампионатот забележа 7 победи и 5 порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни