Поврзете се со нас

Германија

Упамекано се соочува со неочекуван проблем: Потпиша за Баерн, но сезоната ќе ја почне со Лајпциг

Објавено

на

Дајот Упамекано уште пред два месеци се договори да стави потпис на договор со тимот на Баерн Минхен и многумина очекуваа по крајот на Европското првенство тој да се пресели во Баварија.

Сепак, ситуацијата во неговиот договор е помалку бизарна, па играчот нема да има можност веднаш да оди во Минхен, туку претсезонските подготовки ќе ги започне со сега веќе неговиот поранешен клуб, Лајпциг.

Клаузулата во договорот на Упамекано говори дека тој ќе мора да остане во клубот до 15 јули, период во кој клубовите веќе длабоко ќе се навлезени во своите претсезонски активности.

„Билд“ јавува дека Баерн може да ја искористи опцијата да го земе порано играчот, меѓутоа за да го направи тоа ќе треба да му ја плати платата која дотогаш ќе му ја дава Лајпциг, па нема да се согласи за таков чекор и ќе го остави играчот во Лајпциг две недели од новата сезона. Тоа го потврди и комерцијалниот директор на Лајпциг, Флоријан Шолц.

– Логично за двата клуба е ако Дајот Упамекано почне да се подготвува со својот нов клуб по летниот одмор. Како и да е, точно е дека тоа не е случај со неговиот актуелен договор и токму затоа ние го очекуваме да започне да тренира со нас во Лајпциг, -изјави Шолц за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни