Поврзете се со нас

Евролига

Уличарска завршница во Мадрид: Играчите на Реал и Партизан се испотепаа на паркетот, судиите предвреме означија крај! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PartizanBC

Вториот натпревар во Мадрид меѓу Реал и Партизан донесе доминација на гостите во шпанската престолнина, но за жал, оваа средба на крајот ќе се памети по уличарското однесување кое го покажаа големите ѕвезди на двата тима.

Серхио Љуљ направи еден остар прекршок над Пантер во ситуација кога Партизан иташе кон победата, а од овој дуел произлезе брутална тепачка на теренот во која учествуваа повеќе актери од двата табори.

Во општиот хаос на теренот, Јабуселе од Реал го удри од земја Данте Егзум, па овој вториот заврши и со повреда на грбот во неверојатниот и шокантен финиш во Мадрид.

Иако имаше уште една минута и 40 секунди за игра, судиите предвреме означија крај и го прогласија Партизан за победник со резултат 80:95, па така српскиот великан се враќа во Белград со предност од големи 2:0.

Пред да дојде до срамниот инцидент, кошаркарите на Партизан ги доведоа до лудило играчите на Реал, а најдобар поединец беше токму човекот кој го извлече најдеблеиот крај во хаосот, Данте Егзум. Тој уфрли 19 поени, додека Нанали, Ле Деј и Пантер постигнаа по 16, 15 и 14.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни