Поврзете се со нас

АТП

Украинска тенисерка за одлуката на Вимлбдон: Не треба сите да бидат дисквалификувани

Објавено

на

Одлуката на Вимблдон за дисквалификација на сите руски и белоруски тенисери од претстојното издание донесе многу реакции и коментари, при што голем дел од тениската јавност е против ваквото санкционирање на спортистите поради руската инвазија во Украина.

Со изјава се јави и Елина Свитолина, Украинката која од почетокот на инвазијата зборува јавно за ситуацијата во нејзината земја, а сега се обиде да понуди компромисно решение.

– Никој не сака целосно исфрлување на сите тенисери од овие земји.

– Ако тие не зборуваат јавно против потегот на руската држава, тогаш треба да им биде забрането учество.

– Ние само сакаме да зборуваат за ситуацијата, да покажат дали се со нас и останатиот дел од светот или ја поддржуваат Русија. Ако застанат отворено против постапките на нивните влади, тогаш треба да се натпреваруваат, – истакнала Свитолина.

Ѓоковиќ: Одлуката на Вимблдон е луда, знаеме што ни се случи во Србија во 1999. година

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни