Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Одлуката на Вимблдон е луда, знаеме што ни се случи во Србија во 1999. година

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ едвај го скрши отпорот на Ласло Ѓере и се пласираше во четвртфиналето на тенискиот турнир во Белград, каде денеска ќе има меч против уште еден сонародник.

Светскиот рекет број еден по мечот говорел за неизвесниот меч и неверојатниот отпор кој го даде Ѓере, но покрај тоа што признал дека лесно можел и да загуби, дал свој коментар и за непопуларната одлука на Вимблдон.

Поради случувањата во Украина, водечките луѓе на Ол Ингланд клубот одлучија оваа година да им го забрани учеството на Вимблдон на руските и белоруските тенисери, епилог од кој не е задоволен Ѓоковиќ и покрај тоа што тој најмногу ќе профитира поради неиграњето на Данил Медведев.

– Секогаш ќе осудам војна, знам какви трауми остава тоа, го минав тој процес как одете. Ние знаеме што се случуваше во Србија во 1999-та година, народот секогаш страда.

– Но, не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон, мислам дека таа одлука се граничи со лудост. Кога политиката се меша во спортот, на крајот не испаѓа ништо добро, – вели Ѓоковиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни