Поврзете се со нас

Македонија

Тврдо на стартот: Само Работнички и Македонија ЃП остварија победи на отварањето на новата сезона во ПМФЛ

Објавено

на

Започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, а на самиот старт победи оствари само скопските тимови Работнички и Македонија Ѓорче Петров.

„Романтичарите“ беа подобри од Борец со 1-0, а со истиот резултат „лавовите“ го добија Пелистер. На националната арена „Тодор Проески“ во Скопје одлучувачки се покажа голот на дефанзивецот Александар Ристевски, додека пак битката во Ѓорче Петров ја реши Воша во 22 минута.

На другите терени иста така беше многу тврдо, па така натпреварите Брегалница-Шкупи и Тиквеш-Шкендија заврши без победник, ама и без голови. Најефикасно беше во Тетово каде Ренова и Скопје ги поделија бодовите играјќи 1-1, „гипсарите“ поведоа во 73 преку Селмани за да потоа искусниот Кировски со удар со глава го постави конечниот резултат.

Оваа рунда ќе биде затворена од 20 часот во Струмица со мечот меѓу Академија Пандев и Струга Трим Љум.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни