Поврзете се со нас

Англија

Тухел со јасна порака до еден свој играч: Од него зависи дали ќе остане во клубот

Објавено

на

Томас Тухел викендов ќе се соочи со уште еден голем предизвик затоа што пред своите гледачи со Челси ќе го пречека актуелниот англиски шампион, Манчестер Сити.

Германецот за оваа средба веројатно ќе смета на 37 годишниот Тијаго Силва кој и покрај годините прикажува одлични партии во синиот дрес.

Во последно се појавија шпекулации дека доколку продолжи вака, Силва ќе добие уште едно продолжување на договорот и ќе остане во клубот и наредната сезона.

Кога беше запрашан за таквата можност, Тухел одговори дека само од Силва и неговите партии зависи дали тој ќе остане во клубот.

– Од него зависи, не можам да ви одговорам на ова прашање во моментов, можам само да кажам дека се надевам дека ќе продолжи да се натпреварува на ова ниво. И тоа е потребно за да остане овде.

– Јасно е како ден. Сакаме топ настапи. Кога играш во Челси мора да играш на таков начин, а токму така се претставува Тијаго во моментов. Тој е топ професиооналец, во спротивно немаше да биде можно да игра на ова ниво толку многу години. Годините не играат улога за мене, -изјави Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни