Англија
Тухел најмногу жали за една промена во клубот: Ми недостасува легендата на Челси

Томас Тухел се уште смета дека неговиот Челси е далеку од Манчестер Сити и Ливерпул во битката за титулата во Премиер лигата, оценувајќи го овој период како транзициски во клубот по големата промена која настана во последните неколку месеци.
По освоената европска титула во својата прва полусезона во клубот, Тухел се соочи со доста предизвикувачки период изминатата сезона, во која дојде до промена на раководните структури. Роман Абрамович го продаде клубот и стави крај на една незаборавна ера, но по доаѓањето на Тод Боли, си заминаа и голем број директори и советници, од кои еден посебно му недостасува на Тухел.
Менаџерот на Челси признава дека многу му недостасува легендарниот Петр Чех, кој како советник и технички директор во Челси, беше постојан дел од тренинзите и секојдневен соговорник на Тухел.
– Сметам дека се уште сме во транзициски период со новиот газда. Промената е голема и си заминаа доста луѓе од клубот. Си замина и човекот кој беше клучен фактор за мене.
– Петр Чех беше клучен во тренинг центарот во Кобхам, беше тука за сите во клубот и многу важен во градењето на тимската хемија во пресезоната. Тој беше голема поддршка и за мене, но веќе не е тука. Промените се големи и затоа е потребно малку време. Сепак, гледам со позитивизам, овој период е транзициски и стартот на сезоната дојде порано од тоа што посакувавме, – вели Германецот во интервјуто за „Сокер АМ“.
-
Италијапред 22 часа
„Волчицата“ во акција: Рома е на добар пат да обезбеди уште едно бесплатно засилување
-
АТПпред 23 часа
Виландер: Тоа може да биде проблем за Ѓоковиќ…
-
Светпред 17 часа
Барселона извиси: Меси ја прифатил третата понуда и ќе си ја оствари неисполнетата желба
-
Шпанијапред 24 часа
Десет играчи кои Барселона може да ги донесе во летниот преоден рок
-
Шпанијапред 17 часа
Борусија потврди дека Белингем заминува во Реал и откри колку „тежи“ трансферот (Фото)
-
Шпанијапред 11 часа
Барселона одговори со соопштение откако Меси објави дека не се враќа на „Камп Ноу“ (Фото)
-
Светпред 13 часа
Меси се отвори: Лео искрено објасни зошто ја одбил Барселона и потврди дека се сели во клубот на Бекам!
-
Германијапред 21 час
Мане ја предводи листата: Баерн прави чистка во своите редови во летниот преоден рок