Поврзете се со нас

Англија

Тухел ќе ги помрси сметките на Манчестер Јунајтед, го сака отпишаниот играч од Нагелсман

Објавено

на

Германскиот стратег, Томас Тухел веднаш се фатил со работа во Баерн Минхен и почнал да го составува тимот на кој ќе смета во иднина.

Некогашниот тренер на ПСЖ, Борусија Дортмунд и Челси дал дознаење на управата на Баерн дека сака во своите редови да го види Марсел Сабицер, играч кој е под договор со „баварците“ но во моментов настапува како позајмен фудбалер во Манчестер Јунајтед.

Самиот играч бил задоволен од неговиот престој на „Олд Трафорд“, па не би имал ништо против да остане и на перманентна основа на Островот, иако двата клуба не се договориле за можен негов перманентен трансфер на лето.

Токму затоа, доколку и Манчестер Јунајтед сака да го задржи Сабицер, ќе мора да влезе во преговори со Баерн Минхен, кои сега ќе бидат нешто потешки отколку во времето кога Нагелсман беше тренер.

Причината е едноставна, Нагелсман воопшто не сметал на австрискиот репрезентативец, додека Тухел јасно кажал дека сака да го види Сабицер во своите редови следната сезона, со што јасно ги помрсува сметките на „ѓаволите“ кои во Австриецот гледале решение за средниот ред и следната година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни