Поврзете се со нас

Свет

Тухел е заљубен во еден калчолигаш: Поради такви тимови станувам рано наутро и почнувам со работа!

Објавено

на

Во четвртфиналето во 2020-та година, ПСЖ со судни маки и со неверојатен пресврт успеа да оствари голема победа против Аталанта, тим кој беше сензација во својата дебитантска сезона во Лигата на шампионите.

Тимот на Џанпјеро Гасперини ја воодушеви фудбалска Европа и ги доведе „светците“ до работ од бездната, но ПСЖ тогаш со два гола во 90-та и 93-та минута го неутрализираше голот на Пашалиќ и се најде меѓу најдобрите четири екипи во Европа.

Тренер на ПСЖ во тој период беше Томас Тухел кој подоцна загуби во големото финале од Баерн, но актуелниот менаџер на Челси вели дека тимовите како Аталанта се оние кои го тераат да стане рано наутро и да почне со својата тренерска работа.

– Играв против Аталанта кога бев во ПСЖ. Кога го анализирав тимот на Гасперини, се заљубив во нив. Аталанта игра бизарен и луд фудбал. Играа на начин на кој мислевме дека е невозможен, постигнуваат многу голови.

– Се запрашав дали станува збор за италијански тим. Тимови како Аталанта ме тераат да станам рано наутро и да започнам со мојата работа како фудбалски стручњак, – признава Тухел во интервјуто за „Газета“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни