Поврзете се со нас

Италија

Тудор за кризата во Јувентус: Изгледа како крај на светот…

Објавено

на

Игор Тудор сезонава има одлични резултати со Олимпик Марсеј, со кого викендов ќе го предизвика и шампионот ПСЖ во француското „класико“.

Хрватскиот стручњак има сериозна конекција со Јувентус како поранешен играч и член на стручниот штаб, па неминовно било и прашањето од новинарите да ја коментира кризата на италијанскиот состав.

– Јувентус е тим кој доминираше десет години во лигата.

– Се работи за голем клуб кој набргу ќе ја надмине кризата и ќе се врати во препознатливото светло.

– Кога десет години доминирате, а потоа две-три сезони работите не одат во посакуван правец, делува како да е крај на светот. Ова е природен процес кој треба да се прифати, а знаејќи го опкружувањето, сигурен сум дека за кратко ќе се вратат на потребното ниво, – изјавил Тудор кој е еден од фаворитите на фановите за наследник на Макс Алегри.

Јувентус денеска игра против Торино од 18 часот, а медиумите најавуваат дека позицијата на Алегри е сигурна без разлика на исходот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни