Поврзете се со нас

Франција

Тудор стави крај на етапата во Олимпик Марсеј

Објавено

на

Игор Тудор и Олимпик Марсеј се договориле за крај на соработката и хрватскиот стручњак ќе бара друг ангажман во текот на летото.

Олимпик имаше солидна сезона во која го освои третото место, кое носи квалификации за Лигата на шампионите, а Тудор сепак реши да си замине по само една година на „Велодром“.

Дел од експертите во Франција ги критикуваа Тудор и неговите играчи поради елиминацијата во купот од второлигашот Анеси и поразот во соочувањето со Ленс во битката за второто место, а хрватскиот стручњак влезе и во конфликт со неколку фудбалери.

Тудор веќе им ја соопштил својата одлука на фудбалерите, а француските медиуми пренесуваат дека се разделува пријателски со клубот и сигурно ќе остане со добра конекција со Олимпик во иднина.

Јувентус е еден од клубовите кои би можеле да го ангажираат Тудор, но за такво сценарио првично треба да биде завршена соработката со Макс Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни