Поврзете се со нас

Франција

Тудор излезе со објаснување: Си одам поради две причини

Објавено

на

Foto:twitter.com/OM_Officiel

Игор Тудор си оди од Марсеј по само една година мината во Франција, а тоа го потврди и самиот тој на официјалната прес-конференција пред последниот меч во сезоната во Лига 1.

Хрватскиот стручњак се соочи со голем притисок од самиот старт и неговите методи беа доведувани во прашање, па иако во продолжение им ја затна устата на многумина, на крајот тимот завршува како трет на табелата поради големиот пад во последно време.

Третото место носи квалификации за Лигата на шампионите, а Тудор на заминување издвои две причини за донесувањето на одлуката која очигледно беше неизбежна.

– Нема да зборувам француски, бидејќи и онака не научив да го говорам течно. Сакам да им се заблагодарам на претседателот и сите во клубот. Беше чест да се работи овде, наидов на убаво семејство. Го напуштам клубот во подобра состојба од тоа кога дојдов. Си одам поради приватни и професионални причини.

– Немам потпишано за ниту еден друг клуб и немам никакви негативни емоции кон било кој во клубот. Кога работите во Марсеј една година, како да сте работеле две или три на друго место. Дадов се од себе, имаше луди ноќи и напорно работевме. Во клубот има компетентни луѓе и сметам дека клубот е на вистинскиот пат, – изјави Тудор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни