Поврзете се со нас

Македонија

Тројца нови ракометари на Пролет позитивни на KОВИД-19

Објавено

на

Екипата на Тинекс Пролет има големо проблеми со коронавирусот, а за тоа говори најновата информација која ја пренесе македонскиот прволигаш кој извести дека уште тројца ракометари имале позитивен тест на КОВИД-19.

Прво голманот Петар Ангелов прв беше позитивен во овој скопски клуб, потоа се појавија уште осум нови случаи за да последното тестирање донесе уште тројца заразени ракометари со коронавирусот.

Согласно здравствените протоколи, тројцата заболени се ставени во самоизолација, а сите останати ракометари остануваат изолирани, надвор од тренажен процес.

Тимот на Пролет во овој момент не тренира, поточно тоа ќе биде така се додека не бидат создадени услови за такво нешто со стабилизација на бројот на заболени во тимот на тренерот Никола Матлиески.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни