Поврзете се со нас

Свет

Тринкиери се збогуваше со Партизан преку социјалните мрежи?

Објавено

на

Кошаркарскиот клуб Партизан не дочека крај во ниту едно натпреварување сезонава, иако беше во игра за неколку трофеи.

Српскиот тим остана и без можност за пласман во Евролигата, а се чини тоа беше најголемата амбиција на „црно-белите“ и нивниот одличен тренер Андреа Тринкиери.

Медиумите кај нашиот северен сосед вечерва пишуваат дека пораката на социјалните мрежи напишана од Италијанецот значи и збогување со Белград и Партизан.

– Стигнав дома. Незаборавен период и најдобри фанови, – напишал Тринкиери со фотографијата од полна сала со фанови на Партизан.

Засега Партизан не ја потврдува или демантира информацијата, а навивачите се незадоволни бидејќи екипата ќе остане без тренерот со кој имаше одлични резултати.

Дел од медиумите пак тврдат дека Тринкиери преговара за нов договор и добро ќе му дојде притисокот од фановите кои се активираа по пораката на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни