Поврзете се со нас

Формула 1

Трикратниот Ф1 шампион: Ферстапен ќе го уништи Хамилтон ако вози Мерцедес!

Објавено

на

Макс Ферстапен на драматичен начин ја загуби неделната битка со Хамилтон на првата трка во новата натпреварувачка сезона, а според многумина, тој беше оштетен од страна на стјуардите во Бахреин кои проценија дека мора да го пропушти светскиот првак откако со сите четири тркала ја напуштил патеката.

Овој инцидент на три круга пред крајот се покажа како клучен за конечниот епилог, па така Хамилтон доби уште една битка со возачот на Ред Бул кој се чини дека оваа сезона ќе има најконкурентен болид во походот кон прва шампионска титула. Од друга страна, Британецот Хамилтон ќе се обиде да го одбрани приматот шампион и да дојде до рекордна осма титула, која според легендарниот Нелсон Пике ќе нема преголемо значење.

– Формула 1 е спорт во кој има различни болиди и поради тоа, тешко е да се прават споредби меѓу конкретни возачи, а уште потешко да се споредуваат ери. Ако Макс Ферстапен беше во Мерцедес, сигурен сум дека ќе го уништеше Хамилтон. Според мене, Макс е подобар од Хамилтон, – вели трикратниот Ф1 шампион од Бразил.

– Макс е поагресивен возач и поради тоа може да прави повеќе грешки, но секако е подобар од Хамилтон. Работите се премногу лесни за Луис изминатите години, лесно е да победите со Ботас покрај вас. Ова со Мерцедес е како со мене и Мансел во Вилијамс, останатите возачи беа многу понеконкурентни. Го освоив шампионатот во 1987-ма година, а не возев добро како порано, имав проблеми. Победив со среќа, поради фактот што мојот болид беше многу подобар од другите. Во денешницата, Мерцедес е многу подобар од останатите.

– Далеку од тоа дека Хамилтон не е добар, но неговиот актуелен колега е далеку послаб од него, а претходниот Розберг беше уште полош. Розберг стана шампион поради тоа што Хамилтон имаше многу проблеми таа сезона, не зошто е добар возач, – вели Нелсон Пике во интервјуто за „Моторспорт“.

Инаку, оваа изјава на Пике стана интересна за медиумите и од друга страна, од едноставна причина што очигледни симпатиите кои ги чувствува кон Ферстапен којпак се забавува со неговата ќерка Кели.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни