Поврзете се со нас

Балкан

Тричковски стрелаше, ама „вардарците“ Гачевски, Балотели и Фелипе ја однесоа победата (ВИДЕО)

Објавено

на

Вечерва во првата лига на Кипар се одигра мечот меѓу Паралимни и АЕК Ларнака, дуел на кој настапија многу познати имиња, македонски репрезенативци, но и фудбалери кои и се добро познати на нашата јавност.

Имено кај домаќините ги имавме поранешните вардарци Филип Гачевски,  Хуан Фелипе и Џонатан Балотели, додека на спротивната страна играа Иван Тричковски и Стефан Спировски (исто екс играчи на Вардар). Победник во битката беше тројката од Вардар која славеше со 2-1 иако АЕК Ларнака го отвори резултатот со помош на Тричковски за кого ова беше 4 гол во оваа сезона.

Творец за пресвртот беше брзоногиот Балотели кој прво во 57 минута израмни на 1-1 за да потоа во 79 минута по една негова топка домаќините погодат за пресврт и прво сезонско славје и први бодови. Треба да се напомене дека Гачевски имаше неколку добри интервенции во вториот дел и исто беше еден од најзаслужните за победата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни