Поврзете се со нас

Шпанија

Тренерот на Леванте ја објасни тактичката перфекција против Атлетико: Од Барди го добивме тоа што сакавме

Објавено

на

Леванте во период од само неколку дена значително ја разжести борбата за титулата во шпанската Примера, бидејќи на двапати успеа да го шокира Атлетико Мадрид, со тоа што овој вториот удар денеска беше значајно потежок.

Тимот од Валенсија пред неколку дена на домашен терен одигра нерешено (1:1), но ова попладне приреди огромно изненадување и му го нанесе првиот пораз на лидерот во Примера на домашен терен после повеќе од една година. Атлетико беше несовладлив на „Ванда Метрополитано“ повеќе од 12 месеци и од стартот на оваа сезона, се до денеска кога гостите победија со 0:2.

Енис Барди го одигра цел меч и доби максимална доверба од тренерот Пако Лопез, кој воодушевен од огромниот триумф на неговиот тим, ја испорача цела тактичка замисла која ја имал за овој меч, а која неговите миленици ја довеле до совршеност.

– Идејата беше да ги покриеме и да се изедначиме со нив на крилните бековски позиции. Поради тоа им дадов шанса на двајца свежи бекови, Коке и Тоњо. Тие беа поодморени од другите, наша цел беше нивните играчи за врска да не се конектираат, а Серхио Леон, Рочина и Моралес беа совршени во пресингот. Поради контролата на топката, во средината го ставивме Енис Барди, потребна ни беше таа пауза во играта која тој може да ни ја овозможи, а потоа и да поврзе со тројцата од нападот. Го добивме тоа што сакавме.

– Во првото полувреме поведовме и тоа го доведовме до совршенство, бевме перфектни. Потоа, во вториот дел, го почувствувавме притисокот од Атлетико, го искусивме нивниот талент, но тимот продолжи да верува и покажавме дека сме фантастичен тим, многу сме солидни и се бориме како тим. Добивме премија која не се заслужува лесно, – порача Пако Лопез по победата од 0:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни