Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на Барселона во центарот на вниманието: Се повика тајм-аут, лутиот Јасикевичиус не им кажа ниту збор на играчите (ВИДЕО)

Објавено

на

Барселона до минатата седмица беше во извонредна серија од осум победи во низа за да потоа неочекувано се сруши во Франција кај Асвел во Евролигата губејќи со 80-68.

Ова се сметаше дека е лош ден за каталонците и дека дербито со Валенсија во АЦБ лигата е перфектен натпревар за да се одговори, но наместо тоа каталонците беа поразени во „Палау Блауграна“ со 100-90.

Домаќините не можеа да наметнат ритам, да бидат свои, да покажат дека се поквалитетни од противникот, а тоа дефинитивно донесе нервоза и фрустрација кај тренерот Шарунас Јасикевичиус кој во последниот период имаше еден од најчудните тајм-аути во историјата.

Литванецот не им кажа ниту збор на играчите, се тргна на страна и ги остави сами да се договорот, да сфатат што е проблемот. По средбата Шарас кратко и јасно се обиде да го објасни тој негов потег.

-Тешко е да се влезе во тајм-аут кога се што кажуваш, се прави спротивното. Излегувам и преземам одговорност да го подготвам тимот тактички и психички, ама денеска не можам, -истакна Јасикевичиус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни