Поврзете се со нас

Свет

Тренерот на Ајакс ги „олади“ фановите на Манчестер Јунајтед: Не сум сигурен дека размислува на трансфер

Објавено

на

Манчестер Јунајтед во последно време се поврзува со ангажман на бразилскиот офанзивец од редовите на Ајакс, Ентони, кој би пристигнал во клубот како замена за Кристијано Роналдо.

Португалецот инсистира на заминување од Јунајтед, па доколку тоа се случи „ѓаволите“ ќе тргнат по играчот кој е „продукт“ токму на Ерик Тен Хаг.

Холанѓанецот му даде голема слобода на Ентони во Ајакс, а фудбалерот му возврати со одлични партии, па јасно е дека стратегот би го посакувал брзоногиот офанзивец и во својот нов клуб.

Сепак, Шројдер втор пат во една недела ги „олади“ сите во Манчестер најавувајќи дека Ентони нема да си оди од клубот.

– Во клубот се договоривме дека сакаме да го задржиме составот заедно. Никој не сака да го продаде Ентони. Тој работи навистина добро и јас лично не чувствувам дека во моментов размислува на некаков трансфер, -изјави Шројдер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни