Поврзете се со нас

Европски првенства

Трагичарот испрати емотивно писмо по промашениот пенал во финалето: Јас сум Маркус Рашфорд, црнец… (Фото)

Објавено

на

Маркус Рашфорд ги прифаќа сите конструктивни критики по неговиот промашен пенал во големото финале на Европското првенство, но жесткоките критики кои ги доби и на расна основа како еден од трагичарите на „Вембли“, направи да видиме крајно емотивна реакција од страна на ѕвездата на Манчестер Јунајтед.

Рашфорд не доби вистинска шанса на цело Европско првенство од Герет Саутгејт, но неочекувано, англискиот селектор му даде шанса во 119-та минута и реши тој да биде еден од „сигурните“ пеналџии. Оваа негова одлука му се одби од глава, а Рашфорд покажа класа со извинувањето до цела нација, но и со пораката која им ја испрати на расистите.

– Не знам од каде да започнам за да го преточам ова во зборови. Имав тешка сезона, тоа беше очигледно за сите и влегов во финалето без самодоверба. Секогаш сум верувал во себе за пенали, но нешто не беше добро овојпат. За време на долгиот залет, се задржував себеси и за жал, резултатот не беше оној кој го сакав.

– Чувствувам дека ги изневерив соиграчите, дека ги изневерив сите. Пеналот беше она што се бараше од мене, можам да шутирам пенали и во сон, па зошто не и овој? Го играв пеналот во мојата глава постојано и не можам да опишам како се чувствувам. Финале. 55 години. Еден пенал. Историја. Се што можам да кажам е извинете.

– Пораснав во спорт во кој очекувам да читам работи за себе. Без разлика дали е тоа бојата на кожата, каде израснав, или последно, како одлучувам да го минувам времето надвор од теренот. Можам да ги прифаќам критиките цел ден, пеналот не беше доволно добар, но никогаш нема да се извинувам за она што сум и од каде сум дошол. Јас сум Маркус Рашфорд, 23-годишен црнец од Витингтон, Јужен Манчестер. Дури и да немам ништо, јас го поседувам тоа. За сите убави пораки, ви благодарам, ќе се вратам посилен, ќе се вратиме посилни, – порача Маркус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни