Свет
Тите: Оној тренер кој го игра Нејмар на крило е магаре!

Тите веќе шеста година го води Бразил и ќе биде предводник на „кариоките“ на уште едно Светско првенство, второ по ред за него по она пред четири години на кое триумфираше Франција.
Бразилската селекција ќе влезе како една од фаворитите за највисок дострел и јавноста од оваа земја има големи очекувања, пред се поради тоа што има ѕвезди во надоаѓање како што се Винисиус Жуниор, Рафиња и Родриго.
Дел од медиумите потенцираат дека Нејмар веќе не е клучен како порано и се отвора можност ова да биде последен негов голем настан како бразилски репрезентативец, мислење кое дефинитивно не го дели Тите кој вели дека ѕвездата на ПСЖ се уште е клучна во нападот на Бразил, но со променета улога.
– Кога сега ги гледам тренинзите, застанувам во еден момент и му велам на Винисиус. Ти си Нејмар од 2014-та година, бидејќи тој беше оној Нејмар кој играше на страна од лево.
– Но, секој играч еволуира со текот на годините и така е со Неј. Ако некој тренер сега го игра Нејмар како крило, јас би го нарекол тој тренер магаре. Креативноста треба да се искористи во средината и Нејмар таму е најдобар за тимот. Да, ќе биде опкружен од играчи и ќе има повеќе грешки, но таму ќе дојде до израз неговиот квалитет, – вели Тите.
-
Пливањепред 21 час
Романски тинејџер го собори светскиот рекорд на 100 метри слободен стил
-
Англијапред 22 часа
Голманот на КПР донесе голем бод со гол во последните секунди (Видео)
-
Светпред 20 часа
Роке, Роке, Роке: Санта Круз е мајстор и на 40 години (Видео)
-
Англијапред 24 часа
Де Хеа инсистирал да направи интервју со „Скај“ за да го опише ужасниот ден на Јунајтед (Видео)
-
Репрезентацијапред 13 часа
Голем успех за момците на Стојановиќ: Кадетите го освоија ЕХФ шампионатот во Рига
-
Англијапред 23 часа
Невил: Глејзер под итно да се појави во Манчестер, клубот скапува
-
Англијапред 13 часа
Кејн го замолкна „Стемфорд Бриџ“ во 96. минута, Конте и Тухел режираа срам за Премиер лигата (Видео)
-
Шпанијапред 8 часа
Алаба влезе во игра и со првиот допир со топката изведе ремек-дело (Видео)