Поврзете се со нас

АТП

Тим: Чекам нова вакцина која ми е препорачана од мојот доктор

Објавено

на

Вакцинирањето како заштита од ковид-19 повторно станува топ тема на тениската сцена, а поради фактот што најдобрите тенисери нема да можат да учествуваат на Аустралијан Опен без примени две дози вакцина.

Досегашните информации велеа дека голем број врвни тенисери, меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, засега не се имунизирани, па тоа го доведува во прашање нивниот настап на грен-слемот во Мелбурн.

Доминик Тим вели дека нема проблем да се вакцинира, но досега чекал нова вакцина.

– Се уште не сум вакциниран, решив да ја почекам „Новавакс“ вакцината, бидејќи мојот доктор ми ја препорача, – изјавил Австриецот.

Тим појаснил дека ако оваа вакцина не добие дозвола навреме, тогаш ќе избере вакцина од друг производител.

Крајниот рок за целосно вакцинирање е 26. ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни