Поврзете се со нас

Италија

Тифозите на Интер испратија сериозна закана до ѕвездите од првиот тим: Покажете мадиња, или ќе ви дојдеме со…. (Фото)

Објавено

на

Бепе Марота му даде огромна поддршка на Антонио Конте и нагласи дека Интер има долг и сериозен проект со тренерот и покрај неуверливите резултати, но ако раководството има големо трпение, истото полека го губат најрадикалните тифози на клубот.

Популарната „Курва Норд“ денеска излезе со јасен транспарент и испрати порака до своите фудаблери, или содржината комотно може да се протолкува како диреткна закана до играчите кои го носат дресот на Интер.

Тифозите очигледно немаат проблеми со Конте, туку со играчите кои имаат далеку потпросечни изданија на теренот и покрај тоа што сметаат дека имаат статус на големи ѕвезди.

– Дресот што го носите се носи со чест. Покажете ги мадињата или ќе дојдеме со палки!, – гласи пораката на навивачите на Интер кои очигледно го губат трпението по лошите резултати.

По поразот од Реал Мадрид, Интер има само теоретски шанси за пласман во нокаут рундата во Лигата на шампионите, а ништо подобра не е ни ситуацијата во Серија А каде тимот има променливи изданија.

Оваа порака на тифозите на Интер доаѓа непосредно пред дуелот со Сасуоло кој се игра ова попладне во 15:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни