Поврзете се со нас

Англија

Тиаго: Ќе се бориме за мало чудо

Објавено

на

Составот на Ливерпул се избори за победа над Саутемптон и со тоа значително ги зголеми шансите за пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Во прилог на „црвените“ им беа поразите на Лестер и Вест Хем, па сега се уште актуелниот англиски шампион има пет бода помалку од „лисиците“ и еден од „чеканите“ со тоа што има за доигрување меч што значи дека може да дојде до ситуација (со победа) да биде на само минус три во однос на четвртото место на три кола до крајот.

Тиаго Алкантара е свесен дека ќе им е потребна среќа и „чудо“ за да дојдат до посакуваната цел, ама тие максимално ќе се борат за да дојдат до ЛШ.

-Ние мора да продолжиме да се бориме до крајот со оваа мала шанса. Неверојатно е чувството [го постигна првиот гол за Ливерпул], но најважни се трите бода. Продолжуваме да се бориме за мало чудо. Мислам дека имавме шанси во минатото, ама не ги искористивме, но се е отворено и ќе пробаме тоа да го искористиме, -порача Шпанецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни