Поврзете се со нас

Свет

Телохранителот на Меси го прекина натпреварот за да го спасува Лео од натрапник (Видео)

Објавено

на

Периодот во кој Лионел Меси настапува во МЛС, односно во редовите на Интер Мајами е тесно поврзан и со честите интервенции на неговиот телохранител.

Јасин Чеуко внимателно ги следи натпреварите на кои настапува Аргентинецот поради честите обиди на фановите да влетаат на теренот и да си обезбедат блиска средба со големата фудбалска ѕвезда, нешто што се случи и на дуелот во Канзас Сити, каде на стадионот имаше речиси 73.000 навивачи.

Чеуко имал неколку интервенции на ова гостување на Интер Мајами на кое Меси беше стартер, а една се издвојува поради фактот што телохранителот на Лео буквално го прекина натпреварот со своето катапултирање на теренот.

Еден фан стигна прв до Меси, а судијата беше приморан да го прекине натпреварот изненаден од целата ситуација и тоа што го гледа пред себе.

Меси испрати проектил во мрежата на Канзас и ја најави победата на Интер Мајами (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни