Поврзете се со нас

Свет

Меси испрати проектил во мрежата на Канзас и ја најави победата на Интер Мајами (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/InterMiamiCF

Лионел Меси испорача атрактивен гол на дуелот меѓу Канзас Сити и Интер Мајами и со својата реализација ги шокираше домашните фанови кои го соборија рекордот на стадионот „Ароухед“ во Канзас Сити.

Речиси 73.000 фудбалски фанови го следеле во живо интересниот натпревар од МЛС, на кој гостите направија пресврт токму со голот на Меси, а на крајот славеа со 2:3.

Томи донел радост за домашните фанови во 6. минута, Гомез израмнил дванаесет минути подоцна на фантастична асистенција на Меси, додека Аргентинецот го комплетираше пресвртот со „проектилот“ во 51. минута.

Домаќините повторно се вратија со гол на Томи, но тука беше Луис Суарез, кој со својот погодок во 71. минута ги постави конечните 2:3.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни