Поврзете се со нас

НБА

Тејтум се прикажа во брилијантно издание и го надмина легендарниот Лери Брд (Видео)

Објавено

на

Џејсон Тејтум е движечка сила на Бостон и речиси на секој натпревар е блиску до границата од 30 поени, но оваа вечер постигна 51 поен во победата над Шарлот.

Селтикси играат одлично добра сезона во регуларниот дел и се на првото место на Истокот, па така позитивната серија ја продолжија и на гостувањето кај Шарлот.

Гостинскиот тим беше предводен од својот најдобар играч, кој со своето брилијантно издание се избори и за историски податок кога е Бостон во прашање.

Триумфот од 118:130 беше одбележан од партијата на Тејтум која ја заврши со 51 поен, 9 скокови и 5 асистенции, учинок со кој го надмина легендарниот Лери Брд.

Тејтум стана првиот играч на Бостон во историјата кој имал пет натпревари со над 50 поени во регуларниот дел од сезоната, оставајќи го зад себе Лери со кого досега беше израмнет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни