Поврзете се со нас

Франција

Таткото на Меси излезе со официјално соопштение за иднината на Лео (Фото)

Објавено

на

Лионел Меси изминатиот период беше на приватно патување во Саудиска Арабија и се доби впечаток дека води преговори за мега трансфер во оваа земја, шпекулации кои денеска дополнително се разгореа по веста на „Франс-Прес“.

Реномираната новинска агенција ексклузивно објави дека Меси веќе си договорил повеќегодишен договор со Ал Хилал според кој ќе заработува стотици милиони евра за неколку сезони, а бидејќи ова брзо стана главна вест во Франција, со официјално соопштение се јави и главниот претставник на Аргентинецот.

Таткото Хорге е и долгогодишен агент на Лео и секогаш е дел од најважните преговори за неговиот син, за кој сега уверува дека нема потпишано ништо со било кој клуб од светот.

– Немаме потпишано ништо со ниту еден клуб за следната година. Одлуката нема да биде донесена пред Лионел да ја заврши лигата со ПСЖ. Откако ќе заврши сезоната, ќе седнеме, ќе има време да се анализира и ќе се види што е најдобро пред да се донесе одлука. Секогаш има гласини и многумина го користат името на Лионел за да стекнат популрност, но вистината е само една и можеме да ве увериме дека немаме потпишано ништо со никого. Ниту вербално, ниту потпишано на документ, немаме никаков договор и нема да има такво нешто до крајот на сезоната.

– Сево ова ми се чини како недостаток на почит, има такви кои свесно и намерно доведуваат во заблуда без да дадат никаков доказ за своите тврдења. Со тоа сакаат секоја злонамерна гласина да ја претворат во вест или да ја насочат за свој личен интерес, – вели Хорхе Меси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни